Сепаратистите окупираа уште неколку згради во источна Украина

Сепаратистичките демонстранти во источниот украински град Словјанск денеска упаднаа и во градското собрание и во седиштето на локалната украинска тајна служба откако претходно ја презедоа контролата врз полициската станица.
Градоначалникот на Словјанск Нела Степа рече дека има околу 1.000 луѓе во внатрешноста на зградата на градското собрание и дека е подигнато руско знаме . Полицијата соопшти дека под контрола на про-руските сепаратисти се околу 400 пиштоли и 20 автоматски пушки, кои биле во полициската станица.
Украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков на Фејсбук објави дека лицата кои влегле во полициската станица биле облечени во маскирни униформи.
Тој рече дека одговорот ќе биде многу тежок и дополни дека има разлика помеѓу демонстранти и терористи.