Ирак - жителите си заминуваат од Фалуџа, нови борби во Рамади

Жителите продолжуваат да си заминуваат од ирачкиот град Фалуџа,втор ден по изјавата на премиерот Нури ал-Малики дека владините трупи ќе направат напор за ослободивање на градот од вооружените лица. До егзодусот доаѓа откако милитантите ја отворија браната на реката Еуфрат јужно од Фалуџа и ги поплавија областите околу овој град кој е под контрола на бунтовниците.
Во меѓувреме, тешки судири имало во Рамади во кои вооружени лица ја преземале контролата во голем број области во градот. До борбите доаѓа по три дена откако армијата и полициските сили се повлекоа од позициите во Рамади.