Четворица загинати во лизгање на земјиште во Авганистан

Авганистански официјални лица соопштија дека четири лица загинале , а околу 100 куќи биле уништени во лизгање на земјиштето во северната покраина Такхар. Лизагњето на земјиштето било предизвикано од обилните дождови и умерениот земјотрес, а се проширило во две села во областа Такхар . Американскиот геолошки центар претходно соопшти дека изутрината земјотрес од 4,1 степени го погодил северниот дел на Авганистан.Многу од селаните се искачиле на повисоките места поради безбедност.