Вашингтон воведува нови санкции поради Крим

САД објавија нови санкции поради анексијата на Русија врз Крим и предупредија дека со своите партнери се подготвени да преземат понатамошни чекори против Москва. Воведените санкции се однесуваат на компанијата за гас Церноморнафтагас, шест Кримски сепаратистички лидери и уште еден украински официјален претставник.Со оваа одлука на министерството за финансии на САД ќе бидат замрзнати сретствата кои се под американска надлежност на личностите и компаниите опфатени со санкциите,а на американските граѓани им се забранува да работат со нив. Ова се трети американските санкции поради Украина. Секретарот за финансии Џек Лу вчера повтори дека САД и Г-7 се подготвени да преземат понатамошни чекори во случај Москва не се повлече.