Времето денеска -сончево со умерена облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува и слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус два до четири, а дневната 10 до 19 степени.

Во Скопје слично време, сончево со умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до 15 степени.

Во недела ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност и малку потопло. Утринската ќе се движи од еден до шест, а дневната од 14 до 21 степен.