Меркел во официјална посета на Грција

Германската канцеларка Ангела Меркел.

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска пристигна во официјална посета на Грција, во знак на поддршка на економската обнова на земјата. Предвидено е Меркел да се сретне со премиерот Андонис Самарас и да учествува на форумот за млади претприемачи.

Анкетите покажуваат дека Меркел, која инсистира на реформи и економски мерки, е виновна за падот на економијата во Грција, каде невработеноста е на рекордно ниво од 28 проценти. За време на последната посета на Меркел на Атина во 2012 година околу 60.000 луѓе протсетираа.