Протести во Турција во поддршка на Муслиманското братство во Египет

Во Истанбул и Анкара се оддржаа протести против смртните казни за над 500 членови на исламистичкото движење Муслиманско братство, што во минатиот месец беа изречени во Египет. Голем број демонстранти, Турци и египетски државјани, синоќа се собраа на плоштадот Аја Софија во Истанбул. Демонстрантите извикуваа пароли против египетската Влада и се молеа за исламистичкиот претседател Мухамед Морси, кој минатата година беше соборен од власта. Протести имаше и во Паркот на демократијата во Анкара.