Обама и Меркел разговарале за санкции против Русија

Американскиот претседател Барак обама и германскиот канцелар Ангела Меркел дискутираа за можни нови санкции против Русија поради Украина. Белата куќа соопшти дека двајцата лидери во телефонски разговор се согласиле уште еднаш да се повика официјална Москва да ги повлече своите трупи од пограничниот регион. Во соопштението по разговорот се додава дека про-руски сепаратисти, кои наводно добиваат подршка од Москва ја дестабилизираат Украина преку оркестрирана кампања за саботажа.