Металург и Вардар се договорија за термините

Архивска фотографија.

Најдобрите македонски ракометни екипи Вардар и Металург ги договорија термините за одигрување на натпреварите од Супер лигата. Дуелот од првото коло на кој домаќин е шампионот Вардар ќе се одигра на 2 мај, а вицепрвакот Металург ќе ја има улогата на домаќин шест дена подоцна, односно на 8 мај. Вардар излезе со предлог двете средби да се играат во СЦ „Борис Трајковски“, но металурзите сè уште се немаат изјаснето дали ќе ја прифатат оваа иницијатива. „Црвено-црните“ соопштија дека при негативен одговор од клубот од Автокоманда, Вардар својот дуел како домаќин во интерес на љубителите на ракометот ракометот најверојатно ќе го игра во нашата најголема сала, наместо во СРЦ „Кале“, местото каде вардарци се домаќини на дуелите од македонското првенство и од СЕХА лигата.