Газпром го превзеде Киргизгаз

Рускиот енергетски гигант Газпром ја превзеде контролата врз киргистанската корпорација за природен гас, Киргизгаз. Ова го соопшти шефот на Газпром Алексеј Милер, по денешниот потпишување на договорот со владата на Киргистан во Бишкек. Оценувајки дека станува збор за историски договор, Милер изјави дека Газпром ги купил 100 насто акциите на Киргизгаз, а новото име на компанијата ќе биде Газпром – Киргистан. Цената за природниот гас за потрошувачите во Киргистан ќе бидат намалени.