Експлодира бомба пред централната банка на Грција во Атина

Автомобил бомба изутринава експлодирал пред седиштетo на Централната Банка на Грција во центарот на Атина, предизвикувајќи штета но без повредени, соопшти полицијата. Експлозијата се случила околу 3.55 по локално време во возило паркирано на тротоарот пред седиштето на централната банка, која се наоѓа пред канцеларијата на грчките меѓународни кредитори од ЕУ, Европската централна банка и ММФ, наведува полицијата. Во експлозијата нема повредени а штетата сеуште се проценува.