Русија ги одбива американските предупредувања за нафтен договор со Иран

Русија ги отфрли американските предупредувања против потпишување на договорот „нафта за храна“ со Иран. Заменик министерот за надворешни работи Сергеј Ријабков рече дека Москва нема да биде исплашена од заканите. Цитиран од страна на државната новинска агенција Ријабков рече дека зголемувањето на руско-иранската трговија е "природен процес кој нема да вклучува елементи на политички или економски предизвик за никого." Рускиот весник за економија, „Комерсант“ објави дека Москва има планови да купи 500.000 барели иранска нафта на ден. Ако договорот се реализира, аналитичарите велат дека тоа ќе ја наруши извозната граница напишана во привремениот договор за нуклеарната програма на светските сили и Иран постигнат минатата година. На 7 април, американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека Вашингтон би можел да наметне санкции ако Русија и Иран се приближуваат кон постигнување на нафтениот договор.