Нова програма за доселување во Канада

Канада најави дека ќе воведе нов модел за поактивно прифаќање економски имигранти. „Тоа ќе претставува револуција во начинот на привлекување квалификувани доселеници и ќе им овозможи побрзо вработување во Канада“, изјави канадскиот министер за државјанство и имиграција Крис Александер. Оваа програма, според која на владините служби ќе им биде овозможено да ги избираат најдобрите меѓу кандидатите без за тоа да чекаат на ред, ќе стартува од почеток на идната година. Во минатата година канадско државјанство добија 130 илјади доселеници.