Украина - преговори па сила против про-руските демонстранти

Донецк

Украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Aваков изјави дека ќе биде применета сила ако преговорите не успеат и сепаратистите не ги напуштат владините регионални згради во источниот дел на Украина.

Тој во Киев најави дека ситуацијата ќе се реши во следните два дена. Стотици про - руски демонстранти упаднаа во владините згради во Донецк , Харков и Луханкс на 6 април. Сепаратистите беа протерани од зградата на Харков.Демонстрантите во Донецк прогласија Народна Република.

Што се однесува до Луханск пак украинската служба за државна безбедност соопшти дека над 50 луѓе ја напуштиле зградата на службата за државна безбедност во овој град во источна Украина, но дека преговорите продолжуваат меѓу демонстрантите и локалните власти за да се стави крај на окупацијата.