Продолжуваат преговорите за иранската нуклеарна програма

Претставници на Иран и шесте светски сили втор ден преговараат за иранската нуклеарна програма. Целта е да се направи напредок кон постигнување долгорочен договор до 20 јули како краен рок.

Според западен дипломат, имало "некои значителни празнини" меѓу двете страни, а ирански претставник пак рекол дека преговорите биле во "тешка" фаза.

Со договорот треба да се замени привремената спогодба, која стапи на сила во јануари, за да се острани заканата дека Иран би можел да произведе нуклеарно оружје.