Луханск - околу 50 лица го напуштија штабот за безбедност

Украинската служба за државна безбедност соопшти дека над 50 луѓе ја напуштиле зградата на службата за државна безбедност во Луханск во источна Украина, која е запленета од страна на про-руски активисти.

Според СБУ, 51 човек го напуштил локалниот штаб за безбедност без оружје, но не е јасно дали тие се демонстранти или заложници.

Имено, демонстрантите кои го презедоа локалниот штаб на 6 април под закана со експлозив држеа 60 луѓе како заложници.

Новинската агенција Интерфакс јави дека преговорите продолжуваат меѓу демонстрантите и локалните власти за да се стави крај на окупацијата.