Челзи и Реал Мадрид во полуфиналето на Лигата на шампиони

Фудбалерите на Челзи и Реал Мадрид се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампионите. Во реванш натпреварите од четвртфиналето синоќа Челзи го победи ПСЖ со 2:0, што беше доволно за пласман во натамошните борби, бидејќи првиот натпревар Французите го добија со 3:1. Головите за англискиот претставник ги постигнаа Ширле во 32 и Ба во 87 минута.
Во Дортмунд Борусија го победи Реал со 2:0, но не оди натаму, поради поразот од 0:3 во првиот меч во Мадрид. Двата гола за Германците ги постигна Ројс во 24 и 37 минута.
Вечер се играат другите два четвртфинални реванш натпревари. Се среќаваат Баерн- Манчестер Јунајтед и Атлетико Мадрид- Барселона. На првите мечеви резултатот беше идентичен, 1:1.