Времето претпладне сончево, попладне дожд и грмежи

Времето претпладне ќе биде сончево со мала облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми, најпрвин во северозападните делови и ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи. Од крајот на денот ќе започне да дува умерен до засилен северен ветер.Температурата ќе се движи од 11 до 25 степени.

Во Скопје претпладне сончево со мала облачност, а попладне ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи. Кон крајот на денот ќе започне да дува умерен до засилен северен ветер. Температурата ќе достигне до 21 степен.

Преку ноќта и утре ќе дува умерен до засилен претежно северен ветер, кој ќе предизвика пад на температурата.