Русија смета дека НАТО се однесува како во времето на Студената војна

Русија смета дека одлуката на НАТО да им го ограничи пристапот на руските дипломати во седиштето на Алијансата во Брисел, е размислување од времето на Студената војна и оти со тоа се преферираат санкциите наместо дијалогот. НАТО вчера објави построги правила за влез на руски дипломати во седиштето во Брисел, како дел од последиците за рсуката анексија на Крим.