Расмусен бара деесакалација на ситуацијата во Украина

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен денеска во Париз изјави дека последните настани во источна Украина предизвикале сериозна загриженост во Алијансата и побара од Русија да ја деескалира ситуацијата. Тој предупреди дека секој натамошен чекор на Русија во источна Украина ќе претставува сериозна ескалација.