САД: поддршка на резолуцијата за прием на Македонија во НАТО

Резолуцијата за поддршка на прием на Македонија во НАТО поднесена од Кендис Милер, претседателка на групата за пријателство со Македонија во Конгресот на САД, како коспонзори веќе има 12 конгресмени. „Ги повикуваме администрацијата и Стејт департментот, во интерес на регионалната соработка и актуелната ситуација во Украина, да работат со Грција и сојузниците од НАТО да се обезбеди дека билатерални спорови нема да го попречат приемот на Македонија во НАТО. Го повикуваме НАТО формално да упати покана до Македонија за прием на самитот во Британија во септември годинава“, пишува во резолуцијата. Во меѓувреме, поранешниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон изјави дека Македонија е подготвена за членство во НАТО и оти треба да ја добие долго очекуваната покана.