Русија предупреди од граѓанска војна во Украина

Украински специјалци во Харков

Русија го предупреди Киев дека секоја употреба на сила во источниот дел на Украина, каде што проруски демонстранти ги презедоа зградите на локалната админситрација, би можело да ја вовлече земјата во граѓанска војна. „Бараме итен прекин на воените подготовки кои носат опасност од граѓанска војна“, се наведува во соопштението на руското министерство. До ова дојде откако украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков изјави дека во антитерористичка акција во Харков биле уапсени 70 сепаратисти, обвинети за заземање на зградата на локалната управа.