Москва - Украина да не го вперува прстот во Русија

Русија го повика Киев да не ја обвинува Москва околу настаните во Украина. Соопштението на Министерството за надворешни работи е реакција на изјавата на украинскиот претседател Олександар Турчинов кој ја обвини Москва за безредијата во источна Украина.
Тој изјави дека е на дело вториот бран на специјалната операција на Русија против Украина. Про-руски активисти имено навлегоа во владини згради во три источни украински градови.
Aко Киев продолжува да дејствува "неодговорно", Украина ќе се соочи со нови проблеми и кризи, се наведува во соопштението на Москва.