Кампањите на Пендаровски и Иванов

Претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски денеска имаше средби со жителите на Студеничани и Батинци.

„Мојот концепт е да се обратам кај секој граѓанин без разлика на етничката и партиската припадност. Нема мои и твои, бидејќи еден против друг ако се завртиме ќе ја нема Македонија. Јас нема да бидам ничиј чирак. Секој закон кој нема да важи за сите граѓани ќе го вратам во парламентот“, рече Пендаровски.


Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Ѓорѓе Иванов денеска беше во посета на село Жировница, каде пред жителите ја претстави својата изборна програма.

„Иванов го поздрави меѓуетничкиот соживот во Жировница, и посочи дека и во иднина доколку остане на функцијата претседател ќе биде посветен на унапредување на македонскиот модел на соживот, бидејќи во него е силата на Македонија и единството на народот“.