Руските војници на границата со Украина, не се во мирољубиви позиции

Американскиот амбасадор во ОБСЕ, Даниел Баер, изјави денеска дека Русија има десетици илјади војници во близина на границата со Украина и ја повика Москва да превземе чекори за смирување на тензиите. Руските војници не се во нормални мирољубиви позиции или во касарните, рече Баер по итниот состанок на членките на ОБСЕ во Виена. Тој додаде дека русите треба да соработуваат со меѓународната заедница и да дозволат посматрачи за движењето на трупите. Руската делегација немала обраќање на состанокот.