20 години од геноцидот во Руанда

Руанда 1994-та, архива

Во Руанда започна неделата на комеморација по повод 20 годишнината од геноцидот во земјата. Претседателот на Руанда, Пол Кагаме и генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун запалија оган, кој ќе гори 100 дена, колку што траеше геноцидот. Над 800 илјади луѓе, главно етнички Тутси, беа убиени од Хуту екстремистите во 1994-та година.