Јацењук: Се спроведува планот за упад на руски сили во Украина

Протестите во источна Украина, каде што про-руски активисти завземаат јавни установи во три града, се дел од планот за дестабилизирање на Украина и за упад на руските сили. Ова денеска го изјави украинскиот премиер Арсениј Јацењук на седница на владата, додавајки дека руските трупи се на 30 километри од границата со Украина и оти се спроведува планот, според кој, тие ќе ја преминат границата и ќе завземат украинска територија. Ние нема да го дозволиме тоа, истакна Јаценјук. Во меѓувреме, украинското министерство за одбрана соопшти дека руски војник убил еден украински поморски офицер на Крим.