Тензично во источна Украина

Украински официјални претставници соопштија дека про-руските активисти, кои упаднаа во објектот на државната безбедност во источниот град Луханск, заплениле оружје. Полицијата ги блокирала сите пристапи во градот откако групи луѓе подигнале барикади на главната улица. Во меѓувреме, во соседен Харкив, ситуацијата се смирува, а про-руските демонстранти, кои вчера упаднаа во регионалната административна зграда, денеска ја напуштиле. Вчера про-руски демонстранти ги пробија полициските кордони и во Доњецк, каде што исто така влегоа во објектот на регионалните власти.