Индија: Најмасовни општи избори во светот

Во Индија, од денеска, во наредните 5 недели се одржуваат парламентарни избори, на кои треба да гласаат околу 815 милиони луѓе со право на глас. Според истражувањата на јавното мислење, се прогнозира победа на опозиционата Хинду партија, со што би завршило децениското владеење на Конгресната партија. Превземени се зајакнати мерки за безбедност, бидејки во северо-истолните региони на земјата дејствуваат 40-тина сепаратистички и левичарски вооружени групи, кои можат да го нарушат гласањето.