Обама им оддаде почит на жртвите од геноцидот во Руанда

Масовна гробница на дел од жртвите на геноцидот во Руанда.

Американскиот претседател Барак Обама им оддаде почит на жртвите од геноцидот во Руанда, велејќи дека тоа ниту било несреќа, ниту било неизбежно. Денеска во Руанда се одбележува 20-годишнината од почетокот на геноцидот, кој траел 100 дена. За тоа време, мнозинството Хуту убиле повеќе од 800 илјади Тутси. Обама изјави дека тој им оддава почит на оние кои се убиени и стои со стравопочит пред преживеаните. Тој, исто така ја поздрави решеноста на Руанда, да постигне напредок кон исцелување на старите рани и да го поттикне економскиот раст во земјата. Официјалната церемонии ќе се одржи денеска во главниот град на Руанда Кигали, а на церемонијата ќе присуствува и генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун.