САД ќе испрата два воени бродови во Јапонија

Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгл

САД соопштија дека планираат да испратат уште два воени бродови опремени со ракетен одбранбен систем во Јапонија до 2017 година. Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгл ја соопшти одлуката по средбата со јапонскиот министер за одбрана во Токио. Тој изјави дека одлуката е одговор на провокативните и дестабилизирачки мерки на Северна Кореја, меѓу кои и неодамнешното лансирање на ракети.