Австралија во потрага по сигналот од малезискиот авион

Австралија ќе испрати авиони и бродови во југоисточниот индиски океан каде кинески брод детектирал сигнали од црната кутија од малезискиот авион кој се урна. Целта, според извештајот е што побрзо да се провери дали сигналите се точни или не.
Кинескиот брод го добил сигналот кој траел 90 секунди за време на вчерашната пловидба. Оделно друг австралиски брод исто така примил трет сигнал на друг дел од местото за потрага. Авионот исчезна на 8 март со 239 патници.