Претседателот на Хрватска Иво Јосиповиќ ги повика политичките партии во кампањата за Европарламентот да се фокусираат на европските теми, кои се однесуваат на хрватската улога во ЕУ и улогата на ЕУ во Хрватска. Според него, судбината на хрватските граѓани се креира и во Брисел. Тој порача дека бирачите нема да се збунат поради доставените 25 листи за избори за пратеници во Европарламентот.