Временска прогноза-претежно облачно со дожд

Времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 30 литри на m2) и проследени со ретки грмежи, особено во јужните и југоисточните делови од државата. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Утринските температури ќе се движат од осум до 13, а дневните од 14 до 19 степени.
Во Скопје и околината слично време, претежно облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет и со умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се искачи до девет, дневната до 18 степени Целзиусови.