Заврши гласањето во Авганистан

Редици на гласањето во Авганистан

Избирачките места во Авганистан се затворени, иако според изборната комисија уште граѓани чекале да го дадат својот глас. Излезноста на гласањето, според извештаите била голема. Досега едно лице загинало во насилството за време на изборите. Властите поради големиот одѕив го продолжија гласањето за еден час. Осум кандидати се борат за претседателската функција.