Попоски-Грција да го следи нашиот пример

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски по неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ што се одржа во Атина изјави дека најмногу се говорело околу почитување на меѓународното право.
Според него, доколку Грција го следи нашиот пример, на најдобар начин ќе бидат апсолвирани сите прашања. Попоски смета дека може Македонија да и помогне на Грција со тоа што преку нашето однесување кое го одразува почитувањето на меѓународното право, можеме да им дадеме добар пример за тоа дека е добро она што го говорат за почитување на меѓународно право да си го применуваат сами. Тој порача дека Хашката пресуда е одраз на највисоката инстанца во ОН од правен аспект така што ако говориме за почитување на меѓународно право, тоа треба да ни е главниот столб.