НАТО го отвори воздушниот простор над Косово

НАТО го отвори воздушниот простор над Косово со тоа што дозволи цивилните авиони да летаат повисоко за прв пат по војната во земјата пред 15 години. Но, воздушниот простор над Косово ќе остане под контрола на НАТО. Генералниот секретар на Алијансата, Андерс Фог Расмусен порача дека одлуката е значаен чекор од кој ќе профитира цел западен Балкан.
Одлуката значи дека авионите кои летаат меѓу северна и југоисточна Европа и Бискиот Исток и Азија нема повеќе да вршат маневри околу Косово, туку ќе можат да летаат над него.