Мудис го намали кредитниот рејтинг на Украина

Мудис го намали кредитниот рејтинг на Украина од Цаа2 на Цаа3 и ја стави земјата на негативната листа за понатамошни падови. Според нив, трите фактори кои го предизвикале намалениот рејтинг се ексалацијата на украинската криза, односно неодамнешната промена на режимот во земјата и ситуацијата во Крим, како и затегнатата надворешна ликвидност со оглед на постојаното опаѓање на државните резерви и укинувањето на финансиската поддршка од Русија и зголемувањето на цената на увозниот гас. Мудис предвидува дека долгот на БДП на Украина ќе достигне 60 проценти до крајот на 2014 година.