Земјотрес во Грција

Земјотрес со интензитет од 5,6 степени по Рихтер го погоди јужниот дел на Грција, соопшти Институтот за геодинамика во Атина. Нема информации за предизвикана материјална штета и жртви. Епицентарот на потресот бил на 28 километри источно од островот Хидра и околу 89 километри јужно од Атина.