Претседателски избори во Авганистан

Гласање во Авганистан

Авганистанците денеска гласаат за избор на претседател со што треба да се одбележи првиот демократски трансфер на власта во историјата на земјата. Според извештаите, во Кабул на избирачките места веќе имало редици на гласачи и покрај големото обезбедување.
Претседателот Хамид Карзаи ги повика граѓаните да одат на гласање и покрај дождот, ладното време и заканите од непријателите. Осум кандидати се во трката за претседателската функција. Властите соопштија дека околу 350 илјади војници се распоредени поради заканите од талибанците.