Старт на кампањата за предвремените парламентарни избори

Кампањата за предвремените парламентарни избори започнува денеска . Во трката за 123 пратенички места во шест изборни единици во земјата и три во странство се 1.402 кандидати на 14 листи поднесени од пет коалиции и девет политички партии.
Листите се веќе утврдени, како изгледот на гласачкото ливче. Заклучениот Избирачки список за предвремените парламентарни избори ДИК треба да го потпише, според Роковникот, на 17 април.