Временска прогноза-променливо облачно со повремен дожд

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во вечерните часови кога наместа тие ќе бидат и поројни проследени со грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се движи од пет до 10, а дневната од 16 до 22 степена
.Во Скопје ќе биде променливо облачно, а попладне ќе има врнежи од дожд проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 19 степени.