Судири меѓу демонстранти и полицијата во Брисел

Архива - Шпанија

Демонстранти собрани од цела Европа се судрија со полицијата денеска во Брисел. На протест повикаа Синдикатите поради мерките за штедење наметнати од страна на владите во цела Европа.

Демонстрантите фрлаа камења и искршија прозорци во седиштето на Европската унија.Полицијата соопшти дека осум демонстранти и тројца полицајци биле повредени.

Демонстрантите наведуваат дека сакаат да го привлечат вниманието на јавноста врз проблемот на невработеноста кај младите пред изборите на Европскиот парламент кон крајот на мај.

Според синдикат околу 40.000 луѓе присуствуваа на митингот. Полицијата пак тврди дека демонстрирале 25.500 луѓе.