Нема да има предвремени парламентарни избори во Турција

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган на денешната прва прес-конференција по убедливата победа на неговата партија на локалните избори во неделата, ја отфрли можноста за распишување предвремени парламентарни избори.

„Тоа е принцип на нашата партија. Треба да ја гледаме својата работа“, истакна Ердоган, не криејќи дека размислува за кандидирање на претседателските избори
.
Доколку Ердоган учествува во трката за претседател, постојат индиции дека актуелниот шеф на државата Абдула Ѓул би можел да биде потенцијален премиер.

Тој меѓу другото остро ја критикуваше и одлуката на Врховниот суд за укинување на забраната за Твитер и ЈуТјуб, а изнесе и неколку економски предлози.