Украина нема да и продава воена опрема на Русија

Заменик премиерот на Украина Виталиј Јарема денеска во Киев соопшти дека неговата земја не може да произведува воена опрема за Русија за потоа евентуално да биде искористена против неговата земја. Многу фабрики во Украина кои произведуваат воена опрема нивните продукти ги извезуваат во Русија. Јарема додаде дека со цел да се избегнат загубите за украинската економија, владата сака извозот да го насочи кон други пазари. Во меѓувреме, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска во Москва изјави дека Украина мора да спроведе вистински, а не козметички уставни реформи и да ја докаже својата независност од Западот.