Жириновски бара затворање на Мекдоналдс во Русија

Владимир Жириновски

Лидерот на руската Либерално демократска партија Владимир Жириновски побара затворање на сите ресторани на американската компанија за брза исхрана Мекдоналдс во Русија. До ова дојде откако украинскиот огранок на Мекдоналдс реши да ги затвори рестораните на Крим. Жириновски кој е познат по неговите ултранационалистички ставови денеска во Москва додаде дека членовите на неговата партија ќе почнат да ги избегнуваат рестораните на Мекдоналдс. „Наскоро слично ќе направиме и со Пепси кола“, рече тој.