Шефицата на молдавската дипломатија во Москва

министерката за надворешни работи на Молдавија Наталијa Герман

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска во Москва ќе разговара со министерката за надворешни работи на Молдавија Наталијa Герман. Разговорите се очекува да бидат фокусирани врз ситуацијата во Трансдњестар по руските оценки дека овој проруски регион меѓу Молдавија и Украина се соочувал со блокада. Главниот командант на НАТО американскиот генерал Филип Бредлав деновиве предупреди дека е можно Русија со влегување во Украина да го окупира Трансдњестар. Овој регион прогласи независност од Молдавија во 1990 година. Дојде и до војна меѓу двете страни во 1992 година која беше прекината по интервенцијата на руските сили.