Подводна потрага по исчезнатиот малезиски авион

I

Денеска стартува подводната потрага по авионот на Малезија Ерлајнс во јужниот дел на Индискиот океан. До ова доаѓа на само неколку дена пред да бидат истрошени батериите на уредите за снимање на податоците за летот, односно црните кутии. Овие кутии можат да емитуваат звук само триесетина дена, а со оглед дека авионот со 239 патници и членови на екипажот исчезнал на 8 март, не преостанува уште многу време. Досегашната потрага по авионот кој летал на линијата меѓу Куала Лумпур и Пекинг не донесе резултати.