Обама го потпиша законот за кредит за Украина и санкции кон Русија

Американскиот претседател Барак Обама.

Американскиот претседател Барак Обама го потпиша законот за обезбедување кредит за Украина во вредност од една милијарда долари и за санкции кон Русија поради анексијата на украинскиот регион Крим. По потпишувањето на законите, Обама вчера се сретна со конгресните лидери на двете партии да разговара за ситуацијата во Украина. Обама ги известил спикерот на Претставничкиот дом Џон Бонер, лидерот на парламентарното малцинство Ненси Пелоси лидерот на сенатското мнозинство Хари Рид и лидерот на сенатското малцинство Мич Меконел за неговите консултации со светските лидери во Европа минатата недела. Обама им рекол на конгресните лидери дека „САД продолжуваат да предводат координирани меѓународни напори за поддршка на Украина и изолирање на Русија поради нарушувањето на украинскиот суверенитет и територијален интегритет“.