Критики за методите на испитување на ЦИА

Комитетот за разузнавање во американскиот Сенат со 11 гласови „за“ и 3 „против“ одобри да се објават делови од доверливиот извештај во кој се критикуваат методите на испитување што ги користи ЦИА. Во извештајот, кој го подготвија истражители на Комитетот за разузнавање, се наведува дека техниките на ЦИА, познати како „подобрени методи за испрашување“ често се сурови кон притворените и оти биле неефикасни во добивањето релевантни информации за терористичките заговори. Критичарите велат дека методите, кои вклучуваат техники како давење во вода, претставуваат тортура. ЦИА отфрли многу од забелешките во извештајот. Претседателот Барак Обама го поддржа објавувањето на декласифицираната верзија на извештајот. Се очекува да поминат неколку недели додека разузнавачките агенции да го завршат редактирањето на одредени делови од извештајот за таа верзија да може да биде јавно објавена.